Земјиште за гас: Меркел и Путин разговарале за таен договор кој би можел да ја заврши украинската криза

Германија и Русија работат на таен план за мирно решение кое ќе стави крај на меѓународните тензии во врска со случувањата во Украина. Меркел и на Путин преговараат за размена на Кримскиот суверенитет за гаранции за енергетска безбедност и трговија.

„Индипендент“ открива дека на мировнот план работи Ангела Меркел и Владимир Путин, зависи од две главни амбиции: стабилизирање на Украинските граници и обезбедување на силна економска поддршка на земјата која е финансиски проблематична, особено со нов договор кој ќе обезбеди снабдување со гас.

Контроверзно, но доколку договорот на Меркел е прифатлив за Русите, меѓународната заедница ќе треба да ја признае независноста на Крим и анкесијата со Русија, потег кој ќе биде тешко да се свари за некои од членките на ОН.

03042014114159_krim mapa

Извори блиски до тајните преговори тврдат дека првиот дел од планот за стабилизација бара Русија да ја повлече својата финансиска и воена поддршка на разните сепаратистички групи кои оперираат во источна Украина.

Во исто време, Украинскиот претседател би се сложил да не аплицира за влез во НАТО. За возврат, Претседателот Путин нема да ги блокира или да се меша во трговските врски на Украина со Европската Унија.

Второ, на Украина ќе и биде понуден нов долгорочен договор со рускиот Гаспром, гигантскиот руски снабдувач со гас и цените. Во моментов, не постои договор за гасот, снабдувањето со гас на Украина се намалени и најверојатно ќе снема гас пред оваа зима, коешто ќе предизвика економско и социјално руинирање на земјата.

Како дел од догворот, Русија ќе компензира со една милијарда долари финансиски пакет во замена за киријата која ја плати со стационирањето на флотите во Крим и на портата на Севастопол на Црното Море додека Крим не изгласа независност во март.

632ac81b66468073dc4b5246f0aa2be7

Сепак овие обиди на Меркел да дејствува како посредник меѓу претседателот Путин и претседателот на Украина, Петро Порошенко, беа ставена во позадина после соборувањето на МН17 авионот во источна Украина.

Инсајдерите кои се дел од дискусиите вчера рекле дека „Германскиот мировен план сеуште е на маса и е единствениот понуден договор. Преговорите се во застој заради катастрофата со авионот МН17, но се очекува да бидат повторно обновени“

„Во интерес на сите е да се договориме. Се надевам, разговорите ќе бидат обновени доколку истрагите кои се во тек во врска со случајот за причините кои јапредизвикаа катастрофата на МН17  дадат задоволителен исход“.

Поблиски трговски врски со ЕУ беа едни од поголемите амбиции на претседателството на украинскиот претседател Петро Порошенко. Тој беше силен поддржувач на проевропското движење во земјата. Тој беше еден од поддржувачите на Портокаловата револуција во 2004 година и бил на позицијата Министер за надворешни работи под Јулија Тимошенко.

Портпаролот на Министерството за надворешни работи рекол дека нема информации дека такви преговори се одвиваат. Сепак, тој изјавил дека мисли дека е мошне веројатно дека САД или Велика Британија ќе се согласат за признавање на руската контрола над Крим. Во прес службата на германската амбасада немало никој достапен за разговор, пишува „Индипендент“.

Постигнување на решение за спорот е важно за Германците, доколку се има предвид дека Русија е нивниот најголем трговски партнер. Руско-Германската оска е значајно зајакната додека Меркел ја води Германија и нејзината влада жестоко се спротивставуваше на казнените санкции од комерцијални но и дипломатски причини.

gas-russia-eu-23416720

Ваквите силни трговски врски меѓу двете земји, исто така послужиле за зајакнување на влијанието на Меркел па Русија се огласи како водечки застапаник на идејата за поблиски врски меѓу ЕУ и Русија. „Ова е идеја на Меркел. Таа се справуваше директно со Путин околу ова. Таа треба да го реши спорот, бидејќи не е во интерес на никого да има тензии во Украина или пак да се држи Русија надвор. Никој не сака уште една студена војна“, изјавил еден инсајдер во преговорите за „Индипендент“.

Некои од најголемите германски компании имаат големи операции во Русија, која е сега еден од најголемите пазари за автомобили во Европа, додека нејзините средни и мали компании исто така експандираат во земјата. Иако Русија во моментов ја снабдува Европа со една третина од нејзините потреби за гас низ цевководите кои поминуваат преку Украина, Германија има свои сопствени билатерални цевководи за гас кои се директно поврзани во Русија што ја прави помалку повредлива во однос на останатите европски земји.

Секако, Русија е третиот најголем трговски партнер на ЕУ со трговска размена во вредност од 460 милијарди долари минатата година, и воведените санкции кон индивидуалци и банки од Русија, ќе ги повредат европските земји.

Во центарот на преговорите за новиот договор за гас со Газпром се дознава дека е еден од најбогатите украински бизнисмени, трговецот со гас, Дмитри Фирташ. Фирташ – кој преговарал за првиот најголем договор за гас меѓу Русија и Украина меѓу 2006 и 2009 , кој сега живее во Виена и се бори со барање за екстрадиција од Америка. Овој украински бизнисмен има блиски односи со руски и украински лидери, тој го поддржува Порошенко и дејствува како задкулисен посредник на највисоко ниво.