Земјите на В4 ќе и помогнат на Македонија во справување со миграциската криза

Чешкиот министер за одбрана Мартин Стропницки на прес – конференцијата по средбата на министрите за одбрана на Вишеградската група (В4), изјави дека може да настане ситуација да биде потребно да испратат и друга воена помош во Македонија за справување со миграциската криза, освен полицајци и војници.

Според Стропницки, на барање на Македонија, чешката помош ќе се состои од практични работи како што се теренски возила, кои ќе бидат испратени во Македонија во јануари идната година, пренесува МИА.

Тие ќе бидат обезбедени со мал воен контингент, чиј состав нема да остане во Македонија.

Унгарскиот министер за одбрана, Иштван Симичко, додаде дека дел од барањето од македонска стрaна било и „физички затворање на границите” со ограда, но не прецизираше дали некоја од земјите на В4 (Чешка, Словачка, Полска и Унгарија) ќе излезе во пресрет.

Според чешкиот министер за внатрешни работи Милан Хованец во Македонија ќе бодат испратени 25 полицајци, за што одлука треба да донесе чешката Влада.

Министерството предложило и парична помош од 800.000 евра за балканските земји.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.