Свет

Земјите од ЕУ да дејствуваат заеднички кон кризата со бегалци

Земјите од ЕУ да дејствуваат заеднички кон кризата со бегалци
Germany's Minister of Finance Wolfgang Schauble speaks during a discussion on "A Reform Agenda for Europe's Leaders" during the World Bank/IMF annual meetings in Washington October 9, 2014. Schaeuble said on Thursday more government spending was a wrong cure for the euro zone's weak growth and dismissed the prospect of recession for Europe's biggest economy. REUTERS/Joshua Roberts (UNITED STATES - Tags: POLITICS BUSINESS) - RTR49K6X

Германскиот министер за финансии Волганг Шојбле ги повика земјите од ЕУ да „дејствуваат заедно“ кога станува збор за мигрантска криза со која е соочена Европа, пренесува Танјуг.

Берлин и други престолнини од ЕУ повикаа на носење обврзувачки квоти за приемот на бегалци за секоја членка на Унијата, како и на заеднички правила за давање азил.

Претседателот на Европската комисија Жан Клод Јункер во среда би требало да го претстави планот за релокација на 120 илјади бегалци од преоптоварените земји, како што се Италија, Грција и Унгарија.

Германскиот весник „Велт ам Зонтаг“ објави дека според тој план Германија би требало да прими 31 илјада бегалци, Франција 24 илјади, а Шпанија околу 15 илјади.