Земјите од ЕУ што ќе одбијат да прифатат бегалци ќе треба да плаќаат казна?

Европските земји што ќе одбијат да го споделат товарот од бегалската криза ќе мора да платата околу 250.000 евра по еден бегалец, пишуваат „Фајнејншл тајмс“ и „Политико“, а пренесува Б92.

Медиумите наведуваат дека ова е предвидено со новиот предлог на Европската комисија што денес ќе биде обелоденет.

Станува збор за казнена клаузула, што е еден од најспорните делови на предложената измена на „Даблинскиот договор“. Неименувани европски претставници наведуваат, дека исто така постои можност за оваа мерка да се расправа и во текот на наредните денови и дека таа клаузула би можела да се измени.

Ројтерс исто така, објави дека ЕК денес ќе предложи реформа на правилата за азил, во време кога меѓу владите во земјите на ЕУ исто така постојат длабоки несогласувања за тоа како да и’ се пристапи на мигрантската криза.

ЕК минатиот месец навести дека постои можност да го укине правилото од т.н. „Даблински систем“, според којшто за азилантите е одговрна првата држава во ЕУ во која че влезат, што претставува голем товар за Грција и Италија.

Сепак, Ројтерс повикувајќи се на два извори од ЕУ наведува дека во предлогот на ЕК ќе биде задржан принципот на „првата земја“, но дека ќе биде вклучен и централниот план за распоредување на азилобарателите низ Европа, со цел на земјите на границите на Унијата да им се даде можност да ги преселат, доколку приливот на азилобаратели биде преголем.

Еден извор на ЕУ вели дека Комисијата исто така ќе предложи „механизам на финансиски санкции“ за земјите што ќе одбијат да прифатат азиланти.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.