Земјите од Западен Балкан добија нови 14 домашни задачи

Земјите од Западен Балкан добија 14 домашни задачи од областа на безбедноста и миграцијата на вчерашниот состанок на министрите за внатрешни работи на ЕУ, кој следи по минатонеделната посета на претседателот на Европската комисија Жан-Клод Јункер на Западен Балкан.

Како што јавува „Дојче Веле“, министрите ги одобриле акциските планови кои ЕК ги предлага во својата нова Стратегија за земјите од Западен Балкан, за можното членство на Србија, Црна Гора, Албанија, Македонија, Босна и Херцеговина и Косово во Унијата.

Домашните задачи кои се формулирани во планот се протегаат до 2020 година. ЕУ потоа повторно ќе го разгледа напредокот постигнат во областа на внатрешната безбедност, земја по земја, точка по точка. Новиот извештај потоа треба да покаже кој на кои места мора уште да се потруди.

Според мислењето на министрите за внатрешни работи на ЕУ, секоја од земјите во областа „безбедност и миграција“ треба да спроведе програма од 14 точки, со цел поефикасно да се сузбијат илегалната миграција, организираниот криминал и трговија со оружје, но исто така земјите да се приближат до стандардите на ЕУ .

Од земјите на Западен Балкан конкретно се бара во контекст на одбрана против тероризмот да постават национални координатори или Служби за борба против исламскиот радикализам. Координаторите треба да бидат поврзат низ целиот Балкан и да работат заедно. Во обуката на полициските сили и истражителите треба да помогне агенцијата на ЕУ, соцелно да се насочат против организираниот криминал, трговијата со луѓе и трговијата со дрога.

Една од клучните работи треба да биде борбата против трговијата со оружје. Балканските земји и полициските служби на ЕУ треба да формираат заеднички тимови за интервенција, за истражување на злосторствата и идентификација на одговорните. ЕВРОПОЛ ќе отвори канцеларии за врски во сите шест земји кои сакаат да пристапат во ЕУ.

Државите од Балканот треба целосно да се вклучат во проектот на ЕУ за борба против организираниот криминал и да присуствуваат на состаноците на истражните служби вклучени во проектот.
Во државите треба да се постават и поврзаат националните координатори за подобра контрола на границата за да се подобри граничната контрола и да се спречи т.н. нелегална миграција.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.