недела, 26 март 2017  |  Вести денес: 26

Земјите основачи на ЕУ: Не се откажуваме од Унијата

На покана на Штајнмаер во главниот град на Германија денеска пристигнаа министрите за надворешни работи на Франција Жан Марк Еро, Берт Коендерс на Холандија, Паоло Џентилони на Италија, Дидие Рејндерс на Белгија и Жан Аселборн на Луксембург, кои заедно со домаќинот разговараат за „актуелните европски политички прашања“, и последиците по ЕУ од референдумот за излегување на Велика Британија од ЕУ

european-union-powerpoint-1-728

Последни вести

Шефот на германската дипломатија Франк Валтер Штајнмаер, кој е домаќин на неговите колеги од шесте земји основачи на Европската унија, денеска од Берлин порача дека Унијата е огромен успех во одржување на мирот и стабилноста на континентот поради што основачите нема да се откажат од проектот кој донесе најдолг период на мир во историјата на Европа.

На покана на Штајнмаер во главниот град на Германија денеска пристигнаа министрите за надворешни работи на Франција Жан Марк Еро, Берт Коендерс на Холандија, Паоло Џентилони на Италија, Дидие Рејндерс на Белгија и Жан Аселборн на Луксембург, кои заедно со домаќинот разговараат за „актуелните европски политички прашања“, и последиците по ЕУ од референдумот за излегување на Велика Британија од ЕУ, јави дописникот на МИА од Берлин.

Главна тема на денешните консултации во Берлин се можните чекори кои треба да ги преземе ЕУ со цел да спречи референдуми слични на британскиот во неколку други земји членки каде националистички партии веќе најавија ваква можност.

Најчитани вести