Земјоделци го блокираа патот Градско-Росоман и бараат да се отфрли тиранската платформа

Локалните земјоделци во понеделникот половина час со македонски знамиња и механизација го блокираа патот од Градско-Прилеп, реагирајќи против ткн Тиранска платформа и за решавање на политичката криза заради исплата на субвенциите и обесштетувањата поради зимското и пролетно мрзнење на овошните насади.

„Ние земјоделците се собравме тука на еден протест на кој го изразуваме проблемот со тиранската платформа. Мислам дека работите во земјоделието не ни се розови, многу ни се тешки. Голем дел од лозјата се измрзнати 100 проценти, проблемите ни се таложат. Но прво како земјоделци сакаме да порачаме државата да ја сочуваме да ни биде целовита. Поради тоа што со тиранската платформа којашто некој ни ја наметнува сака само да се дограби до власта, да ја стави државата на коцка за свои лични интереси. На интереси на поединци кои сакаат да ја растураат државата. Да ја разнебидат“, истакна Љупчо Аризанов, претседател на Регионалниот сојуз на лозари „Агротиквешија” од Кавадарци.

 

Изрази надеж дека субвенциите ќе бидат исплатени во законскиот рок, односно до крајот на јуни. Посочи дека станува збор за спонтано собирање на земјоделците и верува дека тоа ќе продолжи и натаму, поради тоа што имаат најава за присилно формирање на влада и преземање на власта.

„Ние немаме ништо против, нека формираат влада нека ја земат власта, но, пред сé, да се откажат од тиранската платформа. Тиранската платформа е таа којашто ја уништува државата и ја разнебитува“, рече Аризанов.

Замјоделците посочија дека производителите од Тиквешкиот регион занчително придонесуваат во Буџетот, но оти сега им е потребно обесштетување поради претпрените штети од невобичаено ниските температуриза овој дел од годината во изминатиот период. Тие бараат измени во законот за во ваков правен вакум да нема пречки за добивање субвенции и обесштетување поради мрзнење на земјоделските насади.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.