понеделник, 24 јули 2017  |  Вести денес: 1

Земјоделци пријавуваат штети по вчерашното невреме

baranja-za-finansiska-poddrshka-na-zemjodelskite-stopanstva-od-1-vi-juli copy

Последни вести

Штети на градинарските култури, овошните насади од јаболка и ореви што ги предизвика вчерашното невреме, пријавија денеска во Општина Македонска Каменица, жителите на селата Моштица, Косевица и Костин Дол.

Како што истакна градоначалникот Дарко Митевски, Општината е целосно подготвена да им излезе во пресрет на земјоделците.

– Имаме определено лице кое денеска ги прима пријавите за штетите, а веќе утре Комисијата за проценка ќе излезе на терен. По оваа постапка, ќе направиме напори да ги обесштетиме земјодлеците со одлука на Советот или од Државната комисија надлежна за вакви природни катастрофи, рече Митевски и потврди дека најголем дел од штетите се забележани кај раноградинарските култури.

Според земјоделците, невреме како вчерашното, со интензивен град со големина на јајце, во овој регион немало последниве неколку децении.

Најчитани вести