Земјоделците од Пробиштип задоволни од Владините субвенции

Фондацијата „Лер-ИТ“ при Општина Штип одржа средба со земјоделците од Пробиштип, со цела актуелизирање на проблемите во областа на земјоделието.

Над 50-тина земјоделци од регионот на Пробиштипско покажале интерес за трибината, активно вклучувајќи се и со свои прашања и сугестии. Според Ангел Бојаџиев, извршен директор на фондацијата, земјоделците ги пофалиле Владините мерки во поглед на субвенциите и побарале стручна помош.

„Земјоделците не го криеја задоволството дека субвенциите како Владина мерка се доста корисни за нивното производство. Исто така искажаа и позитивни ставови за исплаќањето на субвенциите, посебно во време на сиедба кога е потребна набавка на нови семенски материјали. Она што недостига според нив е стручна помош во смисла на предавања и советодавни средби во кои повеќе ќе се запознаат со новите препарати, со новите технологии, со што би добиле повеќе знаења за модерно производство“, рече тој.

Според Бојаџиев, средбата со земјоделците од Пробиштип е токму во таа насока, преку соодветни тематски предавања, да добијат сознанија за одредени проблеми кои ги имаат. На трибината во Пробиштип свое излагање имаше агрономот Љубе Иванов, кој се задржа на земјоделското производство во пролетни и зимски услови, што пред неполн месец беше тема на трибина одржана и во Штип.