ТОП,Македонија

Земјоделците задоволни: Ветена и остварена можност за легализација и регистрација на земјоделска механизација на 6 години

Земјоделците задоволни: Ветена и остварена можност за легализација и регистрација на земјоделска механизација на 6 години

Технички преглед за трактори и комбајни ќе се врши на секои две години, а за мултикултиватори и приколки на секои четири години, додека регистрацијата на земјоделската опрема и механизација ќе се врши на секои шест години. За ова вчера говореше лидерот на ВМРО – ДПМНЕ Никола Груевски. Инаку ова е исполнување на уште едно од ветувањата што тој ги даде кон граѓаните, а беше овозможено со измените на Законот што минатата недела беше усвоен од страна на Собранието на Република Македонија.

Инаку оваа мерка произлезе од барањата и потребите на земјоделските здруженија. Во април минатата година, Груевски ја најави оваа мерка за време на својата посета на Тетово. Токму на барање на земјоделците, преку директните разговори на терен, Владата тогаш најави дека ќе преземе нови мерки кои ќе бидат од корист на земјоделците.

Ќе го зголемиме рокот на важност на регистрацијата на тракторите. Ќе овозможиме наместо секоја година тракторите да се регистрираат на секои 6 години, а нивната техничка исправност ќе се потврдува на секои две години. Ќе овозможиме легализација на мотокултиватори, едноносни приколки и полуприколки и други мобилни машини, кои им се неопходни на земјоделците за извршување на нивните секојдневни работи. Предлогот за легализација ќе може да го поднесат во рок од една година по донесувањето на законот со кој тоа ќе биде овозможено. По барање на граѓаните сопственици на приватни шуми, Катастарот во соработка со Комората на приватни геодетски фирми ја започна постапката за намалување на цената за изготвување на геодетски елаборати за обележување на шуми што е услов за добивање на одобрение за сеча на дрва за греење. Сегашната цена која е 30 денари за 1 метар должен ќе биде намалена за 50% за површини до 1 хектар додека за површините над 1 хектар и поголеми ќе се намали и до 70%, порача Груевски од салата „Никола Штејн” во Тетово, каде се одржа масовен народен собир на ВМРО-ДПМНЕ.

Груевски вчера во Кратово најави дека почнува реализацијата на ветеното.

Тоа е едно ветување кое го дадовме минатата година и веќе Парламентот го усвои минатата недела. Земјоделците беа премногу оптоварени од тоа што земјоделската механизација требаше да ја регистрираат секоја година, а тоа за нив се големи трошоци, изјави лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски одговарајќи на новинарско прашање.

Тој посочи дека исто така е пролонгиран за уште една година и рокот за легализација на земјоделската опрема и механизација.

Ги повикуваме сите оние коишто во минатото не стигнале да ја завршат легализацијата на тракторите, комбајните, мултикултиваторите, приколките и слично тоа да го направат сега, рече Груевски при посетата на Кратово.

saklev-evtim

Земјоделците задоволни

Земјоделците се задоволни од оваа мерка која ќе им биде од голема помош. „Курир“ ги пренесува изјавите на претседателите на Асоцијацијата на земјоделци на Македонија и Сојузот на земјоделците. Асоцијацијата на земјоделци на Македонија, преку својот претседател Евтим Шаклев ја поздрави мерката која беше донесена на нивно барање.

Еден од позитивните закони што го донела Владата. Овој закон го побаравме на последниот состанок со поранешниот претседател на Владата на Република Македонија, господинот Никола Груевски и ни причинува големо задоволство затоа што е донесен на наше барање бидејќи навистина не сме само декларативни и економско социјални партнери во областа на земјоделството, туку голем дел од нашите барања и предлози се прифаќаат и се реализираа. Исто така, причинува големо задоволство кај самите земјоделци зашто има голем економски ефект. Сега не мораат земјоделците секоја година да ги регистрираат тракторите и останатата механизација, туку на шест години со услов на две години да вршат технички преглед на тракторите и на останатата самоходна механизација, а на четири години да вршат технички преглед на приколката и на останатата приклучна механизација. Навистина овој закон ќе даде добар економски ефект и ќе ги намали и тоа како трошоците на земјоделците. Втора работа што се донесува со овој закон исто по барање на самите земјоделци, тоа е сите земјоделци кои досега од кои било причини не успеаја да ги легализираат своите земјоделски машини и трактори, сега имаат уште една можност до 2017 година да ги пријават тракторите, а краен рок за регистрација е 31 декември 2017 година, што значи уште една можност за сите земјоделци да ги легализираат и да ги регистрираат својата механизација и трактори, рече Шаклев.

veljo-tantarov

Претседателот на Сојузот на земјоделците Вељо Тантаров вели дека во соработка со Владата, проблемите на земјоделците се решаваат.

Во изминатиов период по барање на земјоделците, аграрните невладини организации со Никола Груевски и ресорните министри за земјоделство се извршени три значајни легализации со кои земјоделците се преблагодарни. Најпрво е извршена легализација на сите лозови и овошни насади кои земјоделците ги имаат подигнато на државно земјиште и долго време некои структури ги нарекуваа дека се тие узурпатори на државната земја. Сега овие насади се легализирани и земјоделците си плаќаат давачки кон државата, земаат субвенции и не се на терет на државата да бараат социјална помош туку со своја пот ги обезбедуваат сите егзистенции за своите домаќинства. Ланската година покрај ова е извршена легализација на сточарските фарми што се наоѓаат околу селата или по градовите каде се уште постоеше урбанистички план во тоа време се градени како диви градби, ланската година се овозможи сите сточарски фарми да се легализираат и нивните сопственици да имаат право на користење средства од фондовите на Европа. Исто така во рамките на овие легализации треба да се спомене и легализацијата на земјоделската механизација, односно тракторите, што во нашава држава беа набавени пред 30-40 години или купени од Европа. Меѓутоа бидејќи немаше соодветна документација околу потеклото на таа механизација, сопствениците на увозни трактори не можеа да извршат регистрација на тракторите. Сега таа регистрација од ланската година со посебен закон е дозволена. Во последно време се појавија некои други проблеми. Многу земјоделци дали беа информирани или не, не можеа да ги извршат легализациите на своите машини затоа што беше рокот поминат. Луѓето по барање на нашите невладини аграрни организации и овој проблем е решен и пред некој ден како што е познато на предлог на македонската Влада, Собранието на Република Македонија направи измени во законот за легализација на земјоделските машини и рокот е продолжен за една година. Регистрацијата на тракторите и комбајните ќе се врши еднаш за 6 години и тоа е една добра работа што ја направи Владата околу намалување на трошоците за работа и безбедност и на трактористите и на другите возила во сообраќајот преку оваа регистрација на нашите машини, рече тој.

Земјоделците коментираат дека со оваа Влада имаат одлична соработка и разбирање и се задоволни од владините политики кон земјоделците. Велат, секоја идна влада мора да работи со земјоделците така како што работеше владата на Никола Груевски.