Земјоделците задоволни од владините политики

Земјоделците се задоволни од стопроцентното обештетување кое започна денес, како и од низа тековни проекти. Нивните претставници денес одржаа средба со премиерот Никола Груевски, по која искажаа огромно задоволство од владините политики.

Целосното обесштетување на погодените од поплавите започнува денес за сите земјоделците и домаќинствата чии имот и посев беше оштетен од невремето и разорните поплави во јануари и февруари годинава.

Вељо Тантаров од Сојузот на земјоделци уверува дека се произведува доволно храна и дека ќе има за целата држава, но и за извоз.

-Го информиравме премиерот дека пролетната сеидба сега за сега добро се одвива. Оние култури што се посеани и напредуваат и не напредуваат, сакаме дождови и што е најзначано посебно внимание му посветивме на прашањето за обесштетување на земјоделците кои претпреа најголеми штети од поплавите во Пелагонија и другите подрачја во нашата држава.

Бевме известени дека од денес почна исплатата на тие штети и во наредните десетина дена сите земјоделци ќе бидат обесштетени, истакна тој по средбата со Груевски.

Претседател на Асоцијација на земјоделци, Ефтим Шаклев  ги информираше сточарите за одлуката на Владата која ќе биде голема корист за нив.

-Имавме повеќе теми на разговор со премиерот. Јас мислам дека најмногу ќе ги интересира нашите сточари затоа што Владата донела одлука за легализација на фармите кои се наоѓаат на градежно земјиште. Се чека овој предлог, најмногу за месец дена, да помине и на Влада и треба сточарите да очекуваат околу 42.000 фарми во Македонија дека ќе бидат легализирани и ќе имаат право да ги користат сите бенефити од државата. Што значи, правото на кредит, на ИПАРД програмата и сите погодности. За неколку дена ни претстои жетвата, го потенциравме тоа, ја разгледавме моменталната состојба и одлучивме во понеделник во 12 часот да имаме состанок со министерот за земјоделство и со мелничката индустрија и ќе видиме до кој степен ќе бидат нашите договори. Уште една работа, донесена е одлука на Владата за регистрација на земјоделските машини, на шест години еднаш да се регистрираат, а на секои две години да се врши технички преглед за да не го загрозуваме сообраќајот на јавните патишта, туку иако се земјоделски машини да бидат исправни, рече Шаклев.

gruevski-zemjodelci22

Претседател на Сојуз на здруженија на тутунопроизводители, Данчо Милески посочи дека на продуктивната средба со премиерот добил уверување дека тутунопроизводителите и натаму ќе добиваат по 60 денари субвенции за кило предаден тутун.

-Нашите активности со расадувањето на тутунот започнаа и благовремено субвенциите ги добивме од страна на Владата на Република Македонија, оние 60 денари што ги добиваме. Проструија гласини дека овие субвенции ќе бидат намалени. Денеска јас како претседател му го поставив тоа прашање на премиерот и им кажувам на тутунопроизводителите дека 60 денари и понатака остануваат субвенционирање од кило предаден тутун во откупна компанија. Субвенциите ги добија сите производители, а ако има некаков проблем благовремено ќе реагираме, но јас колку што знам исплатени се сите субвенции, рече Милески.

Љупчо Аризанов од Агротиквешија истакна дека средбите со премиерот се корисни и продуктивни.

-Средбите кај премиерот се доста корисни и мислам дека секогаш наидуваме на разбирање, апсолутно во секој поглед. Тој ја знае суштината и тежината на самото земјоделие и разбирањата кои наидоа од кај него се од голема корист за земјоделците. Апелирам до сите кои немаат изготвено елаборати да си ги изготват и кога ќе се отвори самиот оглас истите да си конкурираат и да си ги земат парцелите кои се засадени долгогодишни насади, истакна тој.

На средбата со премиерот присуствуваше и Никола Стаменов – Претседател на федерација на фармери на РМ кој истакна дека очекува зголемување на цената на градинарските култури. Тој истакна дека е излезено во пресрет на нивното барање и дека Груевски и МЗШВ се заложија да се преземат соодветни мерки за и ова нивно барање да биде исполнето.