Македонија

Земјоделски саем во Кавадарци

Земјоделски саем во Кавадарци
Земјоделски саем во Кавадарци
Во Кавадарци денеска започна третиот земјоделски саем „Винотек – Кавадарци 2016“, во организација на Здружението на граѓани „Винотек”, кое работи на развојот на винска култура, вински туризам и производи од грозје, пренесува МИА.

– На едно место се собрани производители и дистрибутери на земјоделска механизација, системи за наводнување, ѓубрива, пестициди, амбалажа и најразлични други видови на опрема и алатки. Целта е дополнителна едукација на нашите земјоделци, но и можност да се запознаат со одредени производи и евентуално да купат тоа што им е неопходно во земјоделството, рече Панче Арсовски, директор на саемот.

Претседателот на здружението организатор, Јован Еленов, информираше дека во рамките на саемската манифестација,  ќе има и две стручни предавања.

Професорот Михаил Петков ќе говори на тема „Влијание на дрвото при правење и чување на виното“, а на второто предавање ќе стане збор за  „Исхрана на пчелите со додаток на протени и видеопродукции за современо пчеларство“.