Земјотрес почувствуван во Битола и Ресен

Земјотрес почувствуван во Битола и Ресен. Како што информираат од сеизмолошката опсерваторија во Скопје, земјотресот бил почувствуван во јужните делови од Република Македонија со интензитет 3.7 степени според Рихтеровата скала.

Земјотрес почувствуван во Битола и Ресен, епицентарот е во Грција
Земјотрес почувствуван во Битола и Ресен, епицентарот е во Грција

Телеметриската сеизмолошка мрежа на Република Македонија, со станици во Скопје, Штип, Валандово, Битола, Охрид и Крушево, одржувана од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, денес, на 24.08.2015 год., во 06 часот и 25 минути, регистрира земјотрес чиј епицентар се наоѓа во соседна Грција, 35 km јужно од Битола и е со јачина од 3.7 степени според Рихтеровата скала, се наведува во соопштението.