Земјотрес во областа Фукушима

Земјотрес со јачина од 5, 5 степени е почувствуван во близина на областа Фукушима во Јапонија.

Како што јавува „Раша Тудеј“, потресот бил почувствуван и во десет други области во Јапонија.

Земјотресот е почувствуван на северниот брег на Јапонија во близина на областите Фукушима и Мијаги, а засега нема предупредувања за можна појава на цунами.

Епицентарот бил во близина на брегот на Фукушима со длабочина од 30 километри.