Земјотрес го погоди Лос Анѓелес

Земјотрес со јачина од 4,7 степени според Рихтеровата скала го погоди денеска Лос Анѓелес, соопшти американскиот Геолошки завод.

Според соопштението на Заводот, епицентарот на земјотресот беше осум киломтери северозападно од градот Вествуд и се случи во 6.25 по локално време, на длабочина од околу осум километри.

За сега нема извештај за евентуални жртви, ниту причинета материјална штета.