Земјотрес го погоди Мексико

Земјотрес со јачина од 5,8 степени по Рихтер, денеска ја погоди мексичката држава Оахаку, соопшти Американскиот геолошки завод.

Потресот се случил на длабочина од 10 километри со епицентар од 16 км западно од градот Пинотепа Национал, пренесува Ројтерс.

За сега нема извештај за евентуални жртви или причинета материјална штета.