Земјотрес го погоди разбудениот вулкан во Исланд

Земјотрес со силина од 5,4 степени според Рихтеровата скала утрово го погоди вулканскиот систем Бардарбурга на Исланд, но нема знаци на нова ерупција, соопшти исландската метеоролошка служба.

Во текот на вчерашниот ден регистрирана е мала ерупција на пукнатината на еден од глечерите на околу 40 километри од главниот кратер во најголемиот вулкански систем на Исланд, пренесува Ројтерс.

Власите се подготвени за секаков вид на реакции по низата на мали слични ерупции на вулканот Ејафјалајокум во 2010 година кога беше затворен ден од еврпскиот воздуѓен простор.