Балкан

Земјотрес го стресе Крит

Земјотрес го стресе Крит

Земјотрес со интензитет од четири степени според Рихтеровата скала беше регистриран рано изутринава во морето покрај грчкиот остров Крит, пишува весникот „Етнос“.

Епицентарот на земјотресот бил на 28 километри североисточно од Крит во областа Ласитио.

Нема информации за евентуални жртви или за причинета материјална штета.