Земјотрес го стресе Скопје

Земјотрес со магнитуда 4,4 според првичните мерења добиени од белградската и скопската сеизмолошка опсерваторија утринава е почусствуван во Поширокото подрачје околу Скопје и Куманово.

Епицентарот на земјотресот е во липковскиот регион, 22 километри североисточно од Скопје, на границата со Косово.

zemjotres

Инаку, според градацијата на јачина на земјотреси според магнитудата, овој земјотрес спаѓа во слаби земјотреси.

Од Сеизмолошката опсерваторија пред малку го потврдија земјотресот што утринава пред 7 часот ги стресе жителите на главниот град.