Македонија

Земјотрес го стресе Скопје

Земјотрес го стресе Скопје

Слаб земјотрес со епицентар на околу 60 километри североисточно од Скопје, на територијата на соседна Србија, беше почувствуван вчеравечер  во 20.17 часот, со јачина од 3,6 степени според европската макросеизмичка скала.

Според досегашните макросеизмички податоци, земјотресот е почувствуван на североисточниот дел од територијата на Република Македонија и тоа во Куманово и Скопје со интензитет од III степени според Европската макросеизмичка скала–1998 соопштија од Сеизмолошка опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје.