Земјотрес ја погоди Невада

Земјотрес со интензитет од 5,4 степени според Рихтеровата скала ја погоди денеска Невада, соопшти американскиот Геолошки завод.

Епицентарот на потресот бил 145 километри североисточно од Лас Вегас на длабочина од 19,4 км.

Засега нема извештаи за евентуални жртви ниту причинета материјална штета.