Земјотрес ја погоди Папуа Нова Гвинеја

Земјотрес со јачина од 7,1 степени по Рихтеровата скала ја погоди денеска Папуа Нова Гвинеја. Засега нема податоци за евенуални жртви, ниту предизвикана материјална штета.

Епицентарот на земјотресот бил на 128 километри југозападно од градот Рабаул, а на длабочина од 61 километар.

Ова подрачје и вчера беше погодено од земјотрес со јачина од 6,9 степени по Рихтеровата скала.