Балкан

Земјотрес ја стресе Грција

Земјотрес ја стресе Грција

Нов земјотрес во Грција.

Земјотрес со интензитет од 4,3 степени според Рихтеровата скала го погоди денеска централниот дел на Грција.

Епицентарот на потресот бил на 23 километри западно до местото Аталанти, околу 150 километри северно од Атина.

Нема информации за евентулани жртви или предизвикани материјални штети.

Денешниот потрес доаѓа по минатонеделниот земјотрес од 5,8 степни на островот Кефалонија во Јонското Море, кој предизвкиа оштетувања на неколу патишта и куќи. Во средата, пак, во реонот на Патра во западна Грција, беа региструрани неколку потреси со интензитет од 3,8 до 4,2 степени според Рихтер.