Свет

Земјотрес ја стресе Јапонија во близина на нуклеарката Фукушима

Земјотрес ја стресе Јапонија во близина на нуклеарката Фукушима

Земјотрес од 5,8 степени според Рихтеровата скала се случил утрово во морето во близина на Фукушима. Земјотресот бил почувствуван во Токио, а јапонската метеоролошка агенција објави дека нема опасност од цунами.

Земјотресот е силно почувствуван во близина на нуклеарката Фукушима, која беше уништена во катастрофалниот земјотрес во 2011 година.

Електроенергетската компанија „Тепко“ засега не пријавила никакви нови проблеми.

Земјотресот се случил утрово во 5:14 часот по локално време, на длабочина од 50 километри пред Фукушима. Последниве неколку седмици, почувствувани се неколку чести земјотреси на североистокот на јапоснкиот архипелаг.

Земјотресот кој случи на ова подрачје на 11 март 2011 година, беше со јачина од 9 степени според Рихтеровата скала. Тој предизвика и големо цунами во кое загинаа повеќе од 18 илјади луѓе.