Свет

Земјотрес ја зафати централна Кина

Земјотрес ја зафати централна Кина

Земјотрес со интензитет од 5,1 степени според Рихтер ја погоди автономната област Инситуциази во покраината Хубеј во централниот дел на Кина.

Епицентарот на потресот бил на пет километри длабочина.

Потресот не направил штета на браната која се наоѓа на оддалеченост од 100 километри од местото на епицентарот, а која важи за брана на која е поставена хидроелектраната со најголема инсталирана сила во светот.