Земјотрес со јачина од 3.1 степен и во Гевгелија

Во 17:11 часот на територија на Грција, во близина на граничниот премин Богородица, се случил земјотрес со јачина од 3.1 степени по Рихтеровата скала, регистрирала Европско-медитеранската сеизмолошка опсерваторија.

Земјотресот бил на длабочина од 2 километри, а епицентарот бил во близина на Архангелос, на 20 километри западно од Гевгелија.

530469-local_

Во последните 48 часа, главниот град на Македонија беше потресен од десетици земјотреси од кои двата најсилни се движеа со магнитуда од 5.3 и 4.0 според Рихтеровата скала.

Покрај во Македонија, земјотреси се почувствувани и во Бугарија, Грција, а западот на Турција се тресе веќе цела недела.