ТОП,Македонија

Нов земјотрес со јачина од 5.4 по Рихтер силно го стресе Скопје

Нов земјотрес со јачина од 5.4 по Рихтер силно го стресе Скопје

Во точно 15 часот и 7 минути по локално време, Скопје се тресеше од уште еден нов земјотрес по серијата послаби кои ги разбудија скопјани изутринава.

Според Европско Медитеранскиот сеизмолошки центар се работи за земјотрес со ист епицентар во Црешево, односно Смилковци на длабочина од 2 километри. Според скалата на Рихтер се работи за земјотрес со силина од 5.4 степени, кој силно беше почувствуван во Скопје.zemjotres_popldne2

Рано изутринава директорот на Сеизмолошкиот институт предупреди дека се можни нови потреси во текот на денот, а сепак земјотресот не го поврзува со поплавите!

zemjotres_popladne3