Земјотрес од 4,6 степени во Грција

Земјотрес со интензитет од 4,6 степени според Рихтеровата скала е регистриран во јужниот дел на Грција доцна попладнево, соопштуваат од грчкиот Национален центар за геодинамички истражувања.

Епицентарот бил на полуосторвот Пелопонез, на 250 километри западно од Атина и на 32 километри јужно од градот Патра

Информации за евентуални жртви или за предизвикани материјални штети за сега сеуште нема.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.