Свет

Земјотрес од 6,1 степен во Нов Зеланд

Земјотрес од 6,1 степен во Нов Зеланд

Во близина на Нов Зеланд денеска беше регистриран земјотрес со интензитет од 6,1 степен по Рихтеровата скала.

Нема податоци за жртви или материјални штети ниту засега е издадено предупредување за цунами.

Земјотресот е регистриран на длабочина од 31,5 км. под океанското дно. Епицентарот бил на 430 км. североисточно од градот Факатане, на Северниот остров.