Земјотрес од 7, 9 степени ја погоди Индонезија, постои опасност од Цунами

Земјотрес од 7, 9 степени го погоди западниот брег на Индонезија, соопшти Геолошкиот институт на САД, пренесува  Би Би Си.

Засега нема информации за претрпени штети. Инаку земјотерсот се случил во 19, 49 часот по локално време. Епицентарот се наоѓа 808 километри југозападно од градот Паданг и 10 километри длабочина.

 

Поради земјотресот прогласена е опасност од цунами во Западна и Северна Суматра. Австралија исто така прогласи опасност од цунами на островите Кокос и на Божикните Острови.

 

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.