Земјотрес почувствуван во Скопје и Тетово

Вчера во 18 часот и 40 минути, е регистриран земјотрес чиј епицентар се наоѓа на 30 км западно од Скопје и потекнува од тетовското епицентрално подрачје. Земјотресот е почувствуван со јачина од 4.0 степени според Рихтеровата скала.

Lokacija_Oseten_zemjotres_08-02-2015

Како што соопштуваат од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, според досегашните макросеизмички податоци, овој земјотрес е почувствуван во Тетово со интензитет од 4 степени, а во Скопје со интензитет од 3-4 степени според Европската макро-сеизмичка скала–1998.