Земјотрес почуствуван во Скопје

Земјотрес беше почувствуван во Скопје во 21.30 часот.

Според неофицијалните информации, епицентарот на земјотресот бил во скопската населба Маџари.

На официјалниот сајт каде се објавуваат детални информации за земјотресите, се наведува дека истиот бил со магнитуда од 2.8 степени.

Почувствуван е во Македонија, но и во Србија и Косово.

Голем број на граѓани се огласија на социјалните мрежи дека го почувствувале земјотресот. Велат дека бил слаб, но доволен да ги изненади и вознемири.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.