Земјотрес почувствуан во југоисточна Македонија

Земјотрес почувствуан во југоисточна Македонија. Телеметриската сеизмолошка мрежа на Република Македонија, со станици во Скопје, Штип, Валандово, Битола, Охрид и Крушево, одржувана од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, денес, во 12 часот и 17 минути, регистрира земјотрес.

zemjotres-1

 

Епицентарот се наоѓа 130 км југоисточно од Скопје.

Според досегашните макросеизмички податоци, овој земјотрес е почувствуван во југоисточните делови од Републиката со интензитет од III-IV степени според Европската макро-сеизмичка скала–1998.