Земјотрес го потресе Таџикистан

Силен земјотрес го потресе денеска Таџикистан со интензитет од 7,2 степени според Рихтровата скала , јави ТАСС, пренесува МИА.

Според Геофизичкиот институт на САД епицентарот бил на 363 километри од престолнината Душанбе, на десет километри длабочина.

Засега нема информации за жртви и материјални штети.