Земјотрес регистриран во Грција

Земјотрес со јачина од 4,5 степени според Рихтеровата скала е регистриран денеска на грчкиот остров Кефалонија во Јонското Море.

Епицентарот на земјотресот бил во реонот на гратчето Аргостоли, каде вчера беше регистриран потрес од 4,1 степен по Рихтер.

Денешниот потрес бил на длабочина од пет километри. Нема информации за настрадани и штети.

Реонот е сеизмички активен, при што во 1953 година островот го погоди земјотрес од 7,2 степени според Рихтер.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.