Земјотрес со 4,9 степени по Рихтер ја потресе Италија

Земјотрес со јачина од 4,9 степени по Рихтер бил регистриран во Италија на длабочина од 10 километри, проследен со неколку секундарни потреси со магнитуда од три степени по Рихтер, пренесоа светските новински агенции.

Нема податоци за жртви, повредени и големи разурнувања, единствено се соопштува за стравот кај населението во главниот град Неапол и други градови каде посилно е почувствуван потресот.

Божиќните дрвца во центарот на голем број градови сршиле од потресот.