Земјотрес со интензитет од 7, 4 степени ја погоди Папуа Нова Гвинеја

Силен земјотрес со интензитет од 7,4 степени по Рихтеровата скала ја погоди денеска островската држава Папуа Нова Гвинеја, пренесе МИА.

Епицентарот бил на 130 км. јужно од градот Кокопо во североисточниот дел од државата што се наоѓа во Тихиот Океан.

Центарот за предупредување од цунами во Тихиот Океан соопшти дека се можни бранови со височина до еден метар во реон со радиус од 300 км. од епицентарот. Засега нема информации за жртви или материјални штети.