Земјотрес со јачина од 6,1 степен го погоди Чиле

Земјотрес со јачина ид 6,1 степен по Рихтер, го погоди северното крајбрежје на Чиле, соопштил американскиот Центар за геолошки истражувања, наведувајќи де засега нема податоци за жртви или поголема штета.

Епицентарот на потресите бил во Пацификот, околу 20 километри западно од Иквикве во Чиле, на длабочина од 35,7 километри.

Чиле е една од сеизмички најактивните земји на светот, кој се наѓа во областа на пацифичкиот „огнен прстен“, познат по честите земјотреси и ерупции на вулкани.