Земјотрес со јачина од 3,3 степени почувствуван во Охрид

Во 19 часот повторно е регистриран земјотрес од 3,3 степени по Рихтер во охридскиот регион.

Утрово во овој регион биле регистрирани два помали потреси – во 6,07 часот со јачина од 2,6 степени, а вториот во 8,26 часот со магнитуда од 2.8 степени по Рихтер.

Во Охридско земјиштето не се смирува од 18 јуни. Најсилниот бил регистриран на 3 јули со магнитуда од 5 степени по Рихтер.