Земјотрес со јачина од 5,1 степен во Турција

Земјотрес со магнитуда од 5,1 степен по Рихтер ја погоди вчера турската покраина Маниса, но нема податоци за штети или евентуално настрадани.Земјотресот го погодил округот Сарунханли во покраината Маниса, објави CNNTurk .

Според американската Геолошка служба (USGS) епицентарот на подземниот удар бил на седум километри од населбата Хелмармара, на длабочина од десет километри, а се почувствувал и во блиските поголеми градови.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.