Земјотрес со сила од 4,1 степен според Рихтер ја потресе централна Грција

Земјотрес со јачина на ударот од 4,1 степени според Рихтеровата скала е регистриран синоќа западно од градот Ламија, во централна Грција.

Вчера попладне Институтот за геодинамика во Атина регистрирал и втор потрес со истата сила, западно од градот Ламија.

Епицентарот на потресот бил во реонот меѓу Карпениси, Сперхиада и Ламија.

Нема податоци за настрадани и за разурнувања.