Силен земјотрес на Соломонските острови

Земјотрес со јачина од 6,9 степени според Рихтеровата скала денеска е регистриран на Соломонските Острови.

Тихоокеанскиот центар за предупредување од цунами на Хаваи предупреди на појава на големи бранови во радиус од 300 километри од епицентарот на земјотресот. Подоцна предупредувањето од цунами беше повлечено, пренесува МИА.

Првично беше објавено дека земјотресот бил со интензитет од 7,5 степени според Рихтер на длабочина од 33 километри.