Земјотрес утринава почувствуван во скопско

Земјотрес со јачина од три до четири степени според Европската макросеизмичка скала – 1998 е почувствуван утринава околу седум часот во скопско.

Земјотресот чиј епицентар бил во скопското епицентално подрачје бил со магнитуда од 3.1 според Рихтеровата скала.

Според досегашните макросеизмички податоци, земјотресот бил почувствуван  во селата Рашче, Горни и Долно Свиларе, Кондово, Сарај и околината.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.