Земјотрес вечерва ja потресе Македонија

Во југоисточниот дел од Македонија е почувствуван земјотресот што вечерва во 18.36 часот е регистриран со епицентар во Грција и Рихтерова локална магнитуда 4.2.

Како што соопшти Сеизмолошката опсерваторија-Скопје, земјотресот бил почувствуван во Гевгелија и Богданци со интензитет од V степени според Европската макросеизмичка скала, а во Валандово и Струмица со интензитет од IV степени според истата скала.

Земјотресот во Грција го регистрирала телеметриската сеизмолошка мрежа на Република Македонија, со станици во Скопје, Штип, Валандово, Битола, Охрид и Крушево, одржувана од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје.