Балкан

Земјотрес во Грција

Земјотрес во Грција

5,2 степени според Рихтеровата скала е јачината на денешниот земјотрес во Грција. Земјотресот бил регистриран крај грчкиот остров Кос во Егејското море.

Епицентарот на подземните потреси се наоѓал на 16 километри југозападно од градот Кефалос. Жариштето на земјотресот било на длабочина од 142 километри.

Нема информации за евентуални настрадани лица или причинета материјална штета.

 

Грција важи за едно од подрачјата каде често се регистрирани земјотреси.