Земјотрес во Грција, се почувствува и во Македонија

Земјотрес со јачина од 4 степени утрово околу 4 часот е регистриран на 18 километри северозападно од грчкиот град Кожани, на 60-тина километри од Битола, а беше почувствуван и во Македонија, но со слаб интензитет.

Потресот го регистрирал Институтот за геофизика при универзитетот Аристотел во Солун, а се случил на еден километар под површината на земјата, се дознава од Европско-медитеранскиот центар за земјотреси.