Земјотрес ја потресе Јапонија

Земјотрес со јачина од 5,7 степени по Рихтеровата скала ја погоди денеска Јапонија, пренесува БТА.

Епицентарот е регистриран на 185 километри југоисточно од јапонските острово Иџу, соопшти американскиот геофизички институт.

Потресот бил на длабочина од 10 километри.

Засега нема информации за евентуални жртви или предизвикана материјална штета

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.