Земјотрес во Јапонија

Земјотрес со интензитет од 5,8 степени според Рихтеровата скала денеска го погоди Кумамото во јужниот дел на Јапонија.

Засега не е издадено предупредување за цунами.

Два смртоносни земјотреси го погодија истиот регион минатата недела кога загинаа 42 лица, а повредени повеќе од една илјада луѓе.