Земјотрес во Јапонија урна 37 куќи, најмалку 39 повредени

Најмалку 39 лица се повредени, од кои седум потешко, во земјотресот со јачина од 6,8 степени според Рихтеровата скала што вчера го погоди централниот дел од Јапонија, објави МИА.

Повредените главно се здобиле со скрешници, наведуваат американските медиуми Најсилниот удар го претрпеа селата Хакуба и Огава, како и градот Нагано, во истоимената префектура, на чиј север беше епицентарот на потресот.

Како што соопштија локалните власти на префектурата, најмалку 30 куќи се урнати во Хакуби, а уште седум во блиското село Отари. Во неколку населби дошло до прекин во снабдувањето со вода, која се довезува со цистерни, а во областите кај епицентарот евакуирани се околу илјада лица. Во погодените области и натаму се чувствуваат подземни потреси, што ќе траат уште една недела и ќе бидат следени со ризик од појава на свлечишта и лавини.

Епицентарот на земјотресот беше на длабочина од десет километри, а се почувствува во 27 од 47 јапонски префектури. Нема предупредување за појава на цунами, а надлежните јапонски власти соопштија дека не се регистрирани никакви невообичаени појави во трите нуклеарни централи во погодените области.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.