Македонија

Земјотрес во јужниот дел на Македонија

Земјотрес во јужниот дел на Македонија

Земјотрес со интензитет од 4 степени според европската макросеизмичка вечерва во 20:37 минути го стресе југот на Македонија.

Како што јавуваат локалните сеизмолошки станици, епицентарот бил на 35 километри југозападно од Гевгелија на територијата на соседна Грција.

Земјотресот го почувствувале жителите во јужниот дел на Македонија.

Се уште нема официјална потврда од македонската сеизмолошка опсерваторија при Природно-математичкиот факултет.